Фонд за осигурување на депозити: Обештетени се 12.228 депоненти на Еуростандард банка

Од:

Фондот за осигурување на депозити информира дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56 проценти од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно 12.228 депоненти.

Вкупниот износ на пресметано обесштетување изнесува 4.179.607.269 денари (68 милиони евра). Вкупен износ на депоненти – физички лица со право на обесштетување изнесува 137.111 депоненти.

Вкупниот износ на исплатено обесштетување заклучно со 30 септември 2021 година изнесува 3.743.319.505 денари (60 милиони евра).

Во категоријата на депоненти со износ на депозити од 1.200.000 до 1.850.889 денари (до законски утврдениот праг на обесштетување) исплатени се 1.286 депоненти во вкупен износ од 2.185.153.233 денари (35 милиони евра) или 97,83 проценти од депонентите кои припаѓаат на оваа категорија.

Најголем процент (99,76 отсто) од неисплатените депоненти припаѓаат на категоријата – депоненти со депозити до 100 денари. Во оваа категорија припаѓаат 69.598 депоненти (или 50 проценти од вкупниот износ на депоненти со право на обесштетување).

Исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај се одвива непречено преку четири банки исплатувачи: Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје и Халкбанк АД Скопје.

Исплатата преку банките исплатувачи ќе се извршува до 15 септември 2023 година. По овој рок, исплатата ќе продолжи да се реализира преку Фондот за осигурување на депозити.

Во соопштението се наведува дека, преку Фондот за осигурување на депозити се реализираат и исплати на обесштетување на починати депоненти согласно наследни решенија. е

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска

Асоцијација на банки: Не може за пропаѓањето на една банка да се обвини цел банкарски сектор

Орце Костов