Фолксваген и Фиат Крајслер се соочуваат со казни поради штетни гасови

Од:

Производителите на автомобили Фолксваген и Фиат Крајслер би можеле да се соочат со казни во висина од 1,83 милијарди евра, односно 746 милиони евра, ако не ги намалат емисиите на штетни гасови во согласност со поставените цели на Европската унија за 2021 година, пресметаа во консултантската компанија „Аликс Партнерс“.

Најновата студија на консултантската фирма покажува дека производителите на автомобили тешко дека ќе ги исполнат европските правила за намалување на просечната емисија на штетни гасови во возниот парк на патнички автомобили на 95 грама јаглерод диоксид по километар до 2021 година.

Во „Аликс Партнерс“ ја проценуваат висината на потенцијалните казни врз основа на нивото на емисии пријавени од страна на производителите на крајот на 2017 година. Во меѓувреме, големите производители ги намалија емисиите на јаглерод диоксид со зголемување на продажбата на електрични и хибридни возила.

Фолксваген велат дека тие планираат да се прилагодат на европските правила, додека Фиат Крајслер најави дека ќе користат најевтина опција со цел да се усогласат со правилата што вклучува и можно плаќање парични казни.

Меѓу големите компании за производство на автомобили, казни не им се закануваат само на Волво и на Тојота кои можат да продадат свои неискористени кредити за емисиите на штетни гасови на други производители, покажа анализата.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска