ФИТР го објави најобемниот повик годинава, за поддршка на сосема нови корисници

Од:

Претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друга фирма и/или со установа која врши научно-истражѓувачка дејност, од денеска до 15 октомври може да аплицираат на најновиот повик што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Повикот вреден осум милион евра, е за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации и е наменет само за компании кои не се тековни корисници на инструментите на ФИТР.

Аплицирањето е исклучиво онлајн, а максималната поддршка за проектите ќе биде 20 милиони денари.

Како што истакнаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот, Коста Петров на заедничката прес конференција, станува збор за најголем јавен повик на ФИТР годинава според обемот на обезбеден буџет за кофинансирање. Има и една новина, нагласија, кај механизмот за повраток на средства – доколку корисникот достави доказ за инвеститор кој вложил износ од најмалку 50 отсто од износот на финансиска поддршка доделена од Фондот, корисникот ќе биде ослободен од обврската за плаќање на ројалти.

Ова е деветти повик на ФИТР со што уште еднаш се потрвдува дека оваа институција е вистински дом за поддршка на креативни и иновативни проекти на млади луѓе и фирми, стартапи, мали и микро компании кои имаат план за раст и развој, потенцираа Битиќи и Петров.

-Би сакал да ги повикам и охрабрам сите стопанственици, млади луѓе, кои имаат идеи за развојни проекти, да се пријават. Јавниот повик е одлична шанса да ја забрзаме динамиката на вашите идеи, да го унапредите производството, да ги зголемите асортиманот, продуктвноста и продажбата, а со тоа да придонесете за креирање уште подобро економско опкружување во земјава, истакна Битиќи.

Тој потсети дека изминатите три години, само преку инструментите за комерцијализација на иновациите и за подобрување на иновативноста, се поддржани 198 проекти или околу 30 проценти од вкупниот број, а за нив се издвоени 28 милиони евра или 66,3 отсто од доделените 42 милиона евра.

-Тоа значи дка инвестираме во иновациите на компаниите, идеите на стопанствениците, дигитализацијата на процесите и во зголемената продуктивност и конкуреннтост. И лани, во услови на криза, продолживме да ги спроведуваме јавните повици на Фондот при што, само во 2020-та се поддржани 229 проекти во вкупна вредност од 17,7 милиони евра, подвлече Битиќи и дополни дека со овој јавен повик се очекува да се зголеми пртфолиото на проекти кои се преку 640, но и на компании кои би ги поддржувал Фондот.

Презентирајќи ги деталите кои, исто така, може да се прочитаат и на веб страницата на ФИТР, директорот Петров рече дека на повикот може да аплицираат трговски друштва основани согласно Законот и регистрирани во Централниот регистар.

Услов е и годишните приходи на апликантот да не надминуваат 10 десет милиони евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години и други. Целосната листа на условите е објавена на веб страницата на Фондот.

-Поддршката преку овој инструмент ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип, сѐ до преткомерцијална (претпазарна) фаза. Дел од активностите што ги поддржуваме се за истражување и развој, активности за тестирање, активности поврзани со заштита на интелектуална сопственост и други. Целосната листа е достапна на веб страната на Фондот. ФИТР и Владата активно работат на обезбедување нови работни места во приватниот сектор и затоа, во делот на трошоци кои се подобни, ќе бидат и средства за бруто плати за вработените лица кај апликантот и членовите на конзорциумот кои ќе бидат ангажирани на проектот, поддоговорни услуги за истражување и развој, ангажирање на експерти/советници за истражување и развој и други услуги и активности, објасни Петров.

Според него, преку овој инструмент Фондот обезбедува поддршка до 20 милиони денари и тоа: до 70 отсто финансирање од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од два милиона евра и до 60 проценто финансирање од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од два милиона, а помал од 10 милиони евра.

Покрај финансиската поддршка, на компаниите кои ќе аплицираат на овој јавен повик, Фондот повторно им нуди можност за дополнително финансирање преку партнерите: Стопанска Банка, Тутунска Банка, Шпаркасе Банка, Прокредит Банка, УниБанка и СилкРоуд Банка, со што на компаниите им се достапни кредитни производи и услуги по привилегирани пониски каматни стапки од редовните. Дополнително, на компаниите им се достапни кредитите за користење на клауд платформата на Amazon Web Services, во износ од 10.000, 25.000 и 100.000 американски долари.

Времетраењето на проектот за кој се доделени финансиски средства преку овој инструмент може да биде до 24 месеци.

-Процесот на евалуација на предлог проектите ќе се одвива во две фази: фаза на претселекција која се спроведува од страна на три домашни стручни лица по проект, две стручни лица од областите што соодветствуваат со критериумите за евалуација и едно лице од областа што соодветствува на предлог проектот. Во втората фаза, односно фазата на селекција се спроведува од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции, кој ја донесува и финалната одлука за финансирање преку овој инструмент. Во однос на капацитетот на проектниот тим, би сакал да истакнам дека е задолжително минимум еден од членовите на проектниот тим да биде од областа на маркетинг и продажба, подвлече директорот на ФИТР.

Повикот ќе биде отворен до 15 октомври до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска