ФИТР: До трети јули продолжен рокот на јавниот повик за технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД-19

Од:

До 03.07.2020 се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за брзо прилагодување на КОВИД-19, соопшти денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Како што информира ФИТР, апликации може да се поднесуваат до трети јули до 14:00 часот.

-Овој повик е наменет за брзо економско заздравување, за микро, мали и средни компании со потенцијал за успешно работење, а рокот се продолжува поради голем интерес и над 2.000 симнати апликациски пакети, на барање на домашните компании, но и поради зголемен прилив на апликации на последниот ден за аплицирање поради што настануваат и технички проблеми, наведува Фондот.

Иницијалниот буџет на јавниот повикот е 200 милиони денари. Финансиската поддршка е структурирана по големина на компанијата и тоа до 750.000 илјади денари за микро, 1,5 милиони денари за мали и до три милиони денари за компании со средна големина и не може да надмине 70% од вкупниот буџет на инвестицијата. Останатите 30 отсто се средства кои ги обезбедуваат самите компании.

Средствата може да се наменат за инвестиции во дигитализација и ИТ системи, реорганизација на работата, унапредување на производите и услугите, набавка на опрема, како и заштитни мерки за работниците. Со мерката се опфатени компании што во последните две години од работењето немаат регистрирано загуба, освен старт-ап компании до три години постоење, кои се изземени од овој услов. Оваа развојна мерка е подготвена во соработка со Светската банка.

Новина во повикот се и критериумите за оценување, во делот на поттикнување на учество на компании со жени во управувачката односно сопственичката структура. Исто така, посебен систем за бодување е предвиден за компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.

Би можело да ве интересира

ФИТР го запира финансирањето на фирми што ја злоупотребиле државната помош

А1он

ФИТР ќе објави јавен повик за дигитализација на општинските услуги

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ФИТР: Малите компании од секторот на продажба и трговија го препознаа моментот за дигитализација

Искра Манојлоска

(ВИДЕО) Царовска и Деспотовски: Странските приватни фондови го препознаваат потенцијалот на нашите компании

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска и Деспотовски: И малите семејни фирми што инвестираат во технологија може да остварат високи производствени стандарди

Ана Ололовска

Веб страницата на ФИТР цел на хакерски напад

Ана Ололовска