Фирмите ќе можат да аплицираат за Ковид 4 бескаматната линија, достапни 10 милиони евра

Од:

Фирмите наскоро ќе може да аплицираат за Ковид 4 бескаматната линија преку Развојната банка, дел од Петтиот пакет мерки, најави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што истакна издвоени се 615 милиони денари или 10 милиони евра, а фирмите ќе можат да аплицираат за кредити од 3.000 до 30.000 евра. Предвидено е за компаниите кои ќе го зголемат бројот на вработени или прометот дел од бескаматниот кредит да им се трансормира во грант.

Преку трите бескаматни линии, кои досега беа пласирани преку Развојната банка, досега се зачувани 36.800 работни места во преку 2.700 фирми, а инјектирани се 44,1 милиони евра во стопанството.

Би можело да ве интересира

Credissimo прославува 5 години пари навреме со подароци од 5 000 ден. секој ден!

Ана Ололовска

Credisismo со поголем износ до 120.000 ден и нова Лојална програма!

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Заев најави нови 100 милиони евра за евтини кредити за стопанството

Жарко Настоски

Битолски банкари и двајца Грци преку ујдурми со кредити „олесниле“ банка за половина милион евра

Жарко Настоски

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски