Со финансиска писменост на населението нема да има случаи како ТАТ

Од:

Граѓаните кои ги знаат основите на финансиите и ризиците во финансиите полесно ќе се справат со предизвиците кои ги носи оваа сфера. Само едуцирани и информирани потрошувачи може да донесат правилна одлука и да изберат вистински производ.

Ова беше пораката на денешното отворање на Деновите за финансиска писменост што го организираат Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и КХВ.

– Со покревање на свеста и знаењето за финансиска писменост ќе избегнеме во иднина да ни се случуваат работи како ТАТ, како „one coin“ како и останати современи шеми кои секојдневно не демнат сите нас, рече гувернерот Димитар Богов кој додаде дека глобалната криза покажа дека многу од проблемите што се случија се поради недоволна информираност и недоволно знаење на граѓаните и потрошувачите и оние кои ги користат производите на финансиската индустрија.

Порачувајќи на внимателност, рече дека најдобар потрошувач е едуциран и информиран потрошувач кој може да донесе правилни одлуки и да го избере вистинскиот производ.

Според претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски нивото на финасиска едукација, правилната информираност на граѓаните има директна корелација со порастот во консумирање на финансиски услуги, меѓутоа и во носењето правилни, разумни и рационаlни одлуки во процесот на купување на финансиски производи.

Во насока на поголема финансиска едукација во наредните три дена граѓаниtе може да се информираат за сите прашања од областа на финансиите и да ги посетат штандовите во рамки на Деновите за финансиска едукација.

– Можат да добијат информации за буџетот, за камати, како да се штеди, како да се земе кредит, како да се осигураат од ризици, како да се заштат од кражби при интернет трансакции и слично, а може да дадат и сугестии за подобрување на граѓанскиот буџет, порача министерот за финансии Драган Тевдовски.

Булент Дервиши, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување рече дека им се овозможува на граѓаните да добијат поефикасни и подобри информации за финансиката писменост, но се овозможува како и на институциите да се доближат до граѓаните.

На Деновите на финансиска писменост присуствуваат претставници на финансиски институции како банки, штедилници, друштва за осигурување, друштва за управување со инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови, како и микрофинансиски институции.

Настанот овозможува едукација преку изложбен дел каде посетителите можат да се информираат за сите финансиски параметри во врска со теми кои ги засегаат, има презентации на одредени продукти од учесниците, како и голема забава за најмладите вклучувајќи ги во проекти со кои од најрана возраст ќе се влијае на нивната финансиска писменост преку финансиско едукативни активности.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска