Финансиска молчи за казината и маркетите од списокот на Бектеши, а Регулаторна била ненадлежна за злоупотребите со струја

Од:

Осум месеци државните институции не кажуваат кои компании незаконски се префрлија од слободен на регулиран пазар и дали ќе има санкции како што побара тогаш министерот за економија Крешник Бектеши.

Уште во месец април министерство за економија заедно со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги информирало Управата за јавни приходи (УЈП) и Финансиската полиција за злоупотребите што ги прават институциите и компаниите кои се префрлаат од отворен на регулиран пазар на електрична енергија.

Регулаторна побара од Државниот пазарен инспекторат, од Инспекторатот за труд, од УЈП и од Управата за финансиска полиција да испитаат дали има или нема злоупотреба кај правните субјекти кои наместо да купуваат струја на слободниот пазар, се вратија на регуларниот пазар и користеа поевтина цена префрлувајќи го броилото преку склучување на договори за закуп што на крајот го платија граѓаните со поскапа струја за домаќинствата.

„РКЕ достави писмено известување и барање за вршење на инспекциски надзор до посочените институции уште пред осум месеци. Во прилог на ова Известување беше доставен и преглед на потрошувачи кои од слободен пазар преминале на регулиран – односно кај универзален снабдувач со електрична енергија, а со цел известените институции да утврдат дали и кај кои субјекти од прегледот има незаконско постапување за прашања кои се во нивна надлежност. Посочуваме дека РКЕ согласно Законот за енергетика нема надлежност за инспекциски надзор, но има институционална одговорност и етика да алармира секој пат кога детектира сомнеж за можно незаконско постапување и злоупотреби“, соопшти Регулаторна.

Министерот Бектеши неодамна откри дека на листата од 100 компании има и фирми со над 50 вработени, казина и супермаркети.

– Ние како министерство доставивме извештаи со сите компании до финансиската полиција. Финансиска ќе ги гони сите фирми кои во период од седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем. На листите има и големи фирми со над 50 вработени и казина и супермаркети – кажа тогаш Бектеши.

Тој рече дека извештаите се доставени до финансиската полиција, но оттаму три недели не одговараат на прашањата на „А1он“ дали ги добиле листите со фирми и дали преземале нешто досега, односно дали се води некаква истрага.

Управата за јавни приходи пак, има надлженост да врши контрола во однос на даночните пријави и плаќањето на даноци, но во одговор за „А1он“ откри дека министерството за економија не доставило барања за постапување.

„Доколку Министерството за економија има сознанија за даночни обврзници кои имаат неправилности од аспект на даночното работење, УЈП ќе преземе соодветни мерки, односно ќе насочи контрола кај истите. Не се доставени барања за постапување до УЈП ниту од страна Министерството за економија, ниту и од Царинската управа“, посочија од УЈП.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов