„Finance Think“: Затворањето на економијата и ограниченото движење ја предизвикаа најголемата рецесија

Од:

Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ во најновиот квартален „Макроекономски монитор“ оценува дека затварањето на економијата и ограниченото движење поради ширењето на корона вирусот ја предизвикале најдлабоката рецесија во македонската економија, при што Бруто домашниот производ во вториот квартал е намален на минус 12,7 проценти.

На производната страна, како што се посочува, падот е најголем кај индустријата (-25.3 проценти) и трговијата, транспортот и угостителството (-23.4 проценти) поради ограничената меѓународна трговија и отежнатото движење, додека трговијата и угостителството страдале од наметнатото затворање и воздржаност од потрошувачка на неесенцијални добра и услуги.

На расходната страна, пад има кај извозот, увозот, инвестициите и потрошувачката, но тој е поголем кај извозот (-25.6 проценти), увозот (-31.3 проценти) и инвестициите (-29.6 проценти), додека кај потрошувачката е поблаг (-12.7 проценти).

Намалувањето на БДП, како што посочува „Finance Think“, целосно се совпаѓа со нивната проекција од 11 април. Остануваат на проекцијата дека падот на БДП годинава ќе биде -3,8, а во третиот квартал -4,7 проценти.

– Но, двете проекции се под особено изразени негативни ризици, во целост детерминирани од времетраењето и потенцијалното влошување на кризата предизвикана од Ковид-19. Особено, овие проекции се изградени врз претпоставките дека економијата нема повторно да се затвори при евентуален нов удар од Ковид-19 есента 2020, како и дека економските текови ќе продолжат со разумно темпо на нормализација до почетокот на 2021, посочува „Finance Think“ .

Во однос на невработеноста во вториот квартал, од „Finance Think“ велат дека таа е зголемена на 16,7 проценти од претходните 16,2 проценти, но оти сепак растот е помал главно поради мерката за субвенционирање на плати која вкучуваше одредба за задржување на бројот на работици за време на користењето на мерката и два месеца по нејзиниот престанок.

Помеѓу двата квартала, најмногу работни места, односно 12.000 или 24.2 проценти, се изгубени во дејноста транспорт и складирање.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов