„Фероинвест“: Понудивме најниска цена на тендерот на ЕЛЕМ

Од:

Управителот на „Фероинвест“, Ратко Ѓорѓиевски, на прес-конференција пред новинарите по повод информациите за тендерот кој го доби оваа компанија која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави дека понудиле најниска цена на огласот на Бирото за јавни набавки за набавка на транспортни гумени ленти за РЕК-Битола.

Тој потенцира дека „Фероинвест“ поднел документи до ЕЛЕМ на 13 април годинава, а двете електронски аукции што биле одржани на 3 јули и на 8 август биле поништени.

На новинарско прашање, управителот на Ѓорѓиевски повтори дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не е управител на фирмата уште пред да биде назначен за вицепремиер.

Тој, исто така, рече дека „Фероинвест“ заедно со други компании учествувале во повеќе тендери, а последен таков е од 2014 година.

Ѓорѓиевски рече дека не сака да ги коментира изјавите на одредени политички партии кои обвинуваат за неетичност и рече дека „Фероинвест“ и во иднина ќе учествува на сите тендери на кои може да понуди дел од своите артикли.

Тој дополни дека никому во земјава, па ни на вицепремиерот Кочо Анѓушев не може да му се одзема правото на сопственост и на претприемништво.

Ѓорѓиевски рече дека 93 отсто од производите на „Брако“ се наменети за извоз, а одлуките за учество на тендери не ги носи лично Анѓушев туку менаџерскиот тим на компанијата.

Во врска со тендерот за набавка на гумени ленти за РЕК Битола, во кој се споменува фирмата „Фероинвест“, АД ЕЛЕМ информираше дека за тој тендер досега се одржани две аукции, на кои, бидејќи набавката е поделена на три дела, најповолна цена понудиле три фирми, меѓу кои и „Фероинвест“.

Од компанијата велат дека аукциите потоа се поништени по жалби од други учесници во наддавањето, така што оваа недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

Орце Костов

Законот за амнестија за помали кривични дела се очекува утре да се најде на седница на Влада, најави Ковачевски

Антикорупциска оформи предмет за лиценците за софтвер во Владата вредни 26 милиони евра

А1он

Парите од судството Владата ги потрошила за себе, обвинија од судската администрација

Орце Костов

Владата ќе плати десет милиони евра повеќе за безбедност на интернет: Избрана компанија која не понудила најниска цена

Орце Костов

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески