Фероинвест: Дезинформациите за тендерот од ЕЛЕМ нанесе штета на компанијата

Од:

Компанијата „Фероинвест“ информира дека денеска не доби на јавната набавка за транспортни ленти за РЕК Битола, распишана од АД ЕЛЕМ.

– Изминативе денови како компанија бевме во центар на интерес на медиумите и беа изнесени низа обвинувања, дека е добиен тендерот од ЕЛЕМ, без притоа неколку дена никој да не се обрати директно во компанијата Фероинвест, од каде јасно кажавме дека допрва ќе следи јавно наддавање. Пласираните дезинформации дека наводно сме добиле тендер, предизвикаа големи проблеми на компанијата и на нејзините бизнис партнери во странство. Ние сме извозно ориентирана компанија која 95 отсто од своето производство го наменува за извоз. Предизвикана е и штета по угледот на турската компанија Озенбард, наш досегашен партнер во вакви наддавања, стои во соопштението од компанијата.

Посочуваат дека како компанија и понатаму ќе останат отворени за сите прашања и ќе работат и понатаму транспарентно како и досега.

Би можело да ве интересира

Биогасната електрана „БИО ЕНТЕРПРАЈЗ“ работи со полн капацитет

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

Анѓушев: Да се градат електрани од различни обновливи извори, а решение за вишоците струја се Чебрен, батерии и водород

Тодор Анѓушев: треба да се градат електрани од различни обновливи извори, наместо само фотоволтаични

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари