Федералните резерви на САД обезбедија 2,3 трилиони долари за поддршка на економијата

Од:

Федералните резерви на САД најавија уште еден пакет за финансирање, обезбедувајќи 2,3 трилиони американски долари за поддршка на американската економија во екот на пандемијата на коронавирусот.

Програмите имаат за цел да им помогнат на деловните субјекти, домаќинствата и државните и локалните власти кои се соочуваат со финансиска криза, бидејќи голем дел од економијата е во застој.

– Улогата на Федералните резерви е да обезбеди што е можно повеќе олеснување и стабилност во овој период на ограничена економска активност. Нашите активности денес ќе помогнат да се осигураме дека евентуалното закрепнување ќе биде што е можно поенергично, изјави претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел.

Мерките вклучуваат промени и проширување на постојните програми, како и нови пристапи.

Според Фед, програмата поддржува фирми „кои биле во добра финансиска состојба пред кризата, и предлага четиригодишни заеми на компании во кои работат до 10.000 работници или со приходи помали од 2,5 милијарди долари.

Главните и каматните плаќања ќе се одложат за една година .

Министерот за финансии Мнучин изјави дека програмата „ќе донесе значителни промени за 40.000 средни компании во кои работат 35 милиони Американци“.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски