ФАО: Спречете го непотребното трошење на храна

Од:

Полни канти со отпад на Север, изгниени реколти на Југ. Доколку немаше фрлање и непотребно трошење на храната, тогаш оние што гладуваат, ќе имаат што да јадат, нагласи Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО), по повод Светскиот ден на храната, кој се одбележува денеска.

ФАО, чие седиште се наоѓа во Рим, истакнува дека една третина од светското производство на храна се губи или пропаѓа, поради негрижа или недостиг на адекватни средства за складирање и дистрибуција во трговските мрежи. Организацијата потсетува дека станува збор за 1,3 милијарда тони храна годишно.

– Со една четвртина од таа храна би можеле да се нахранат 842 милиони лица, кои сè уште страдаат од глад во светот – тврди Роберт ван Отердик, експерт во прехранбената индустрија, кој е задолжен за прашањето за руралната инфрастуктура во седиштето на ОН.

Тој нагласи дека доколку немаше вакво залудно трошење на храната, светското производство на прехранбени продукти ќе треба да се зголеми само за 32 отсто за да бидат нахранети сите девет милијарди жители на Земјата, кои ќе ја населуваат до 2050 година.

Веќе 40 години ФАО посветува сериозни внимание на проблемот, кој постојано се усложнува поради урбанизацијата и глобализацијата. Ланците од производството до трговската мрежа можат да станат предолги, нагласи Отердик и додаде дека сите брзаат да најдат некакво решение.

Овошјето и зеленчукот се храна која најмногу се расипува, околу половина од нив се „губат“ пред да стигнат во чиниите на масите. Потоа следуваат морските плодови (35) и житните култури (една третина).

 

Би можело да ве интересира

Поради инфлација, секој трет самохран родител во Британија прескокнува оброци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Внимавајте: Напивка за слабеење, суплементи за црниот дроб, млеко, чоколади – повлечени како небезбедни

Анита Петровска Рајковиќ

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

ОН: Речиси еден милион луѓе гладуваат во сиромашните држави

Ана Ололовска

Оксфам: За последните шест години екстремната глад двојно зголемена во климатските жаришта во светот

Ана Ололовска