Евростат: Европската економија нагло забави во четвртиот квартал од 2021 година

Од:

Економската активност во ЕУ и еврозоната нагло забави во четвртиот квартал од 2021 година, пред се, како одраз на слабеењето на повеќето водечки економии поради ширењето на сојот омикрон, покажа денеска најновиот извештај на Евростат.

Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) на ЕУ во четвртиот квартал порасна за само 0,4 отсто во однос на претходните три месеца, кога имаше раст од 2,2 отсто, покажува прелиминарната проценка на Европскиот завод за статистика.

БДП на еврозоната, исто така, забележа благ раст во последниот квартал од 2021 година, за 0,3 отсто во споредба со претходниот квартал кога порасна за 2,3 отсто.

Во споредба со истиот квартал претходната година, сезонски прилагодениот БДП на ЕУ порасна за 4,8 отсто, по растот од 4,1 отсто во периодот јули-септември.

Во еврозоната порасна за 4,6 отсто, по растот од 3,9 отсто во претходниот квартал.

Во текот на 2021 година, активностите во двете области се зголемија за 5,2 отсто.

Меѓу земјите чии податоци беа достапни,на квартална основа на крајот на минатата година најмногу порасна шпанската економија и тоа за два отсто.

По неа следат Португалија и Шведска со раст на активноста во четвртиот квартал од 1,6 односно 1,4 отсто, во однос на периодот јули до септември.

Активностите во француската и италијанската економија нагло забавија, на 0,7 и 0,6 отсто, иако во летниот квартал имаа раст од 3,1 и 2,6 отсто, соодветно.

Со пад на активноста од 0,7 отсто, Германија, пак, заедно со Австрија и Летонија ја формираше малата група земји од ЕУ шрто имаат квартален пад на БДП.

Според Евростат, на годишно ниво сите земји од ЕУ имаат раст на БДП, а најсилен растот е во Италија, со стапка на раст од 6,4 отсто.

Следува Шведска со 6,1 отсто и Португалија со 5,8 отсто. Во Франција економијата порасна за 5,4 отсто, а во Шпанија за 5,2 отсто. Според Евростат, најслаб е растот на германската економија, за 1,4 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Евростат: Бугарија е држава со најмалку среќни луѓе

Орце Костов

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски