Европските инженери на собир во Скопје

Од:

Скопје денеска е домаќин на 14. Генерално собрание на Европската асоцијација на инженерски комори (ЕЦЕЦ).

Ова Генерално собрание нема да биде вообичаен состанок бидејќи како што изјави преседателот на ЕЦЕЦ Чртомир Ремерц, пред два дена асоцијацијацијата во Белгија добила статус на правно лице со што сега во Брисел со полни овластувања може да ги застапува своите интереси.

– ЕЦЕЦ не е најсилната, но е најважната инжинерска организација која ја претставува оваа професија пред Европската унија што значи пред Европскиот Парламент и Совет и ние навистина правиме се што е во наша моќ да им помогнеме на нашите членки. Асоцијацијата не е најголема, но е многу активна од 2010 година, рече Ремерц честитајќи и ја десетгодишнината од постоењето на македонската Комора на овластени архитекти и инжинери.

Миле Димитровски, претседател на македонската Комора на овластени архитекти и инженери истакна дека станува збор за редовно собрание на ЕЦЕС и оти ќе се дискутира за положбата на инжинерите и нивната работа. Една од точките ќе биде вредноста на инжинерскиот труд, рече Димитровски.

На Генералното собрание се очекува да се дискутира и за професионалната регулација, многу важно прашање за кое исто така се дискутира и во Европскиот парламент.

Одржувањето на Генералното собрание во Скопје, според претседателот Ѓорге Иванов е израз на довербата во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, но и воопшто за севкупната македонска инженерска и академска заедница. Иако Македонија не е дел од ЕУ, посочи претседателот во пригодниот говор, сепак нејзините инженери и архитекти се дел од моторот што ја движи Унијата.

Индустриските револуции, кажа Иванов, покажаа дека луѓето можат да измислат нови материјали и нови извори на енергија, но покажаа и дека знаењето е третиот ресурс, покрај сировиот материјали и енергијата.

Собранието го организира македонската Комора на овластени архитекти и инженери, а покровител е претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

На Генералното собрание присуствуваа претседателите на сите европски инженерски комори, како и министерот без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, но и претставници на кинеската Комора на инжинери.

Би можело да ве интересира

Инженери на Македонија: Водата е добро на сите граѓани, за тендерот за Чебрен требало да се распише референдум

Орце Костов

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

Орце Костов

Европските млади инженери разменија идеи за развој на личните и професионалните вештини

Ана Ололовска

Меѓународно советување на Здружението на инженери МАКО СИГРЕ во Охрид

Igor Smilevski

Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“

Ана Ололовска

БЕСТ Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери потпишаа Меморандум за соработка

Наум Локоски