Европски форум за рударство и истражување

Од:

Иновациите во испитувањето и вадењето руда, обработката, управувањето со отпад, како и затворањето на рудниците низ Европа и светот, ќе бидат во фокусот на годинашниот 3. Европски форум за рударство и истражување „MINEX EUROPE 2018“ што ќе се одржи денеска и утре во Скопје под мотото „Одржлив развој на западно тетијските металогени ресурси“.

На форумот ќе се обрати вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а на предвидените тркалезни маси, панел-дискусии и презентации на иновативни решенија ќе присуствуваат светски експерти, преставници на лидерски компании во дејноста, истражувачки институции, преставници на надлежни владини министерства и институции, национални геолошки истражувачи, банки и адвокатски фирми, инвеститори и приватни еквити фондови и берзи.

Третиот ден од форумот е планиран за посета на рудникот Бучим.

Како што информира Стопанската комора на Македонија, Балканот, Бугарија, Турција, Кавказ и Централна Азија последните две децении се дефинирани како брзо растечки и едни од најважните светски рударски региони, богати со бакар, злато, литиум, кобалт, никел, борати, калај, како и ретки метали и ураниум.

Би можело да ве интересира

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

ССЕРИ: Бесправно ни се стопирани паричните текови од страна на АД ЕСМ

Ана Ололовска

Бектеши контра Асоцијацијата за рударство, најважно е здравјето и безбедноста на граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шахпаска: Рударите добиваат бенифициран стаж

Ана Ололовска

Усвоени законските измени, рударите ќе се пензионираат со навршен пензиски стаж

Ана Ололовска

„Бучим“ доби дзовола за експлоатација на новото рудно тело „Боров дол“

Ана Ололовска