Европската централна банка ќе купува државни обврзници

Од:

Европската Централна Банка ќе ги купува државните обврзници од членките на еврозоната кои се во најголема криза и на тој начин ќе влијае на намалувањето на каматните стапки по кои тие земји се задолжуваат, а кои за нив станаа неиздржливи и целата еврозона ја носат кон провалија.

Според најавите, оваа одлука на Советот на ЕБЦ може да биде пресвртница во решавањето на драматичната криза во еврозоната.

ЕЦБ ќе интервенира на пазарот во случај на потреба, но под услов загрозените држави најпрво да побараат помош за механизмот за стабилност на еврото и тоа под строго одредени услови, и тоа само доколку државите кои бараат помош се обврзат да ги исполнуваат условите и да ја спроведуваат програмата за штедење и реформи, по примерот на Грција, Ирска и Португалија. Претседателот на Европската централна банка Марио Драги, објавувајќи ја одлуката на ЕЦБ, нагласи дека за помошта за земјите во криза ќе има јасни услови. Тој појасни дека одлуката не била донесена едногласно.

„Нема да кажеме кој беше против, можете околу тоа да шпекулирате“, рече тој. При гласањето имало еден глас против, а претседателот на германската Бундесбанка Јенс Вајдман веќе претходно најави дека се противи на плановите на ЕЦБ.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо изјави дека ова „треба да ја врати довербата на инвеститорите“

Механизмот за стабилност на еврото треба да ги откупува обврзниците непосредно од државите, додека ЕЦБ ќе интервенира со откупување на обврзниците на секундарни пазари.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески