Еврообврзницата од 600 милиони евра со која Ковачевски рече дека ќе ги отплаќа палмите и стиропорот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на аукција

Од:

Денеска се одржува аукцијата за деветата еврообврзница. Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција, соопштија од Министерството за финансии.

„Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност.

Во насока на транспаретност и отчетност Министерството за финансии ќе извести веднаш за условите по завршување на аукцијата, додека пред нејзино затворање укажуваме на ценовната чуствителност на информациите и објавите“, рекоа од министерството.

Еврообврзницата требаше да биде издадена минатиот месец, но тоа не се случи затоа што се чекаше потпис од новиот министер за правда по разрешувањето на Никола Тупанчевски.

Проблемите со издавањето на еврообврзницата беа главна тема во расправата за разрешување и избор на новите министри во Владата на премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на прашање од опозицијата зошто на Владата и е потребно ново задолжување, Ковачевски рече дека тоа е за да се рефинансира еврообврзницата земена од ВМРО-ДПМНЕ за палмите, стиропорот и споменице во Скопје.

Според Бесими, еврообврзницата од 600 милиони евра се издава да се се платат обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре,…,како ќе кажат – така

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски!

Горан Наумовски

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските компaнии создадовме нови 5.000 работни места

Ковачевски: Пратеничките листи на СДСМ добија 99,98 отсто поддршка на Конгресот на партијата

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Горан Наумовски

Ковачевски: Претстојните избори се клучни за иднината на државата