ЕВН за двојното плаќање на сметките: Реалната потрошувачка е на задната страна

Од:

Уште не стивнат револтот од новиот начин на пресметка на новите фактури за струја во кои сега посебно се пресметува услугата за мрежарина, а граѓаните повторно бесни на универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоме.

Домаќинствата се жалат дека струјата за одредени денови се наплаќа по двапати, односно има преклопување во сметките за јули и август.

Скопјанка објави дека во фактурата за месец јули за периодот од 28 јуни до 29 јули и во фактурата месец август за периодот од 26 јули до 29 август, деновите 26, 27, 28 и 29 јули се двојно наплатени.

Од ЕВН Хоме за „А1он“ велат датумите на предната страна се датуми на отчитувачката недела на корисникот, а не датумите за реалното фактурирање на потрошувачката.

„Датумите на предната страна на фактурата се всушност датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Додека датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страна на фактурата. Реално отчитаните дати никогаш не се поклопуваат со отчитаните дати во претходниот месец.

Овој податок на прочитана потрошувачка се наоѓа во горниот дел на задната страна, веднаш до ставката: Податоци од броило.

Поконкретно, датумите на предната страна се од информативен карактер во која отчитувачка група припаѓа корисникот, а на втората страна се наоѓаат податоците врз база на кои се прави пресметката на фактурата. Отчитувањето на клиентите на ЕВН Хоме со тарифа домаќинства и мали потрошувачи се врши по календарски недели“, објаснија од ЕВН Хоме.

Оттаму на граѓаните им порачаа да ги читаат сметките и на задната страна каде што стојат точните датуми за кои им е пресметана потрошувачката на струја.

„На задната страна на фактурата, веднаш до ставката „Податоци од броило“ корисниците може да ги најдат точните датуми за кои им е пресметана потрошувачката на електрична енергија. Овие датуми никогаш не се поклопуваат со денови од претходниот месец и со тоа се подразбира дека не постои ни најмала можност да се соочуваат со двојно плаќање“, рекоа од ЕВН Хоме за „А1он“.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски