ЕВН Македонија го презеде управувањето со малите хидроцентрали

Од:

ЕВН Македонија од денеска го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол, соопштија од компанијата. Во текот на овие 11 години ЕВН и Хидропол ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци.

Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои, исто така, се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компатабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 МВ, што претставува зголемување за 10 отсто, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова Хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 ГВч електрична енергија.

ЕВН Македонија, како што се наведува во соопштението, ја негува културата за заштита на животната средина, затоа постојано вложува во модернизирање и градење капацитети за производство на електрична енергија од обновливи ресурси.

Би можело да ве интересира

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он

ЕВН: Ниските температури не предизвикуваат повеќе испади од вообичаено во електро-дистрибутивниот систем

Дали се прави обид да се дисквалификува ЕДС со непочитување на Законот за јавни набавки?

А1он

Дали граѓаните ќе плаќаат поевтина струја зависи дали Владата ќе дозволи фер трка за универзален снабдувач

А1он

Владата одлучила да го додели повикот на ЕВН за нов универзален снабдувач, неофицијално дознава „А1он“

А1он