ЕУ воведе нови правила за гасоводот „Северен поток 2“

Од:

Европската унија реши да ја заостри регулативата за гасоводот „Северен поток 2“, што ќе дистрибуира гас од Русија до Германија, но нема да не го спречува неговото завршување.

Изградбата на „Северен поток 2“, долг 1.225 километри, под Балтичко море е веќе во поодмината фаза и треба да заврши до крајот на оваа година.

Наместо забрана, ЕУ сака гасоводот да го усогласи со своите енергетски правила.

Германија смета дека тоа може да предизвика гасоводот да биде неекономичен и неодржлив.

Сепак, на крајот, 27 од 28 амбасадори на ЕУ се согласија со француско-германскиот компромис, што значи дека Германија може да остане главен преговарач во проектот „Северен поток 2“.

Германија и Франција денеска постигнаа компромисен договор за изградба на гасоводот „Северен поток 2“, поради што не дојде до блокада на проектот.

– Официјална Москва се надева оти членките на ЕУ ќе донесат одлука за гасоводот „Северен поток “ без влијание на САД и смета на завршување на тој проект, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Тој рече дека ставот на САД по прашањето на тој гасовод не е во корелација со фер конкуренцијата и дека официјален Вашингтон се обидува да ги натера европските земји да купуваат поскап гас.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ