ЕУ ќе воведе царини за американски производи во спорот за Ербас и Боинг

Од:

Европската унија ќе воведе царини за американски производи во спорот околу производителите на авиони Ербас и Боинг, соопшти денеска потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис.

Неодамнешната одлука на Светската трговска организација и дозволи на ЕУ да воведува царини, рече Домбровскис.

– И тоа е она што го правиме, додаде тој.

Пресудата, изречена во средината на октомври, и дозволува на ЕУ да воведе царини во вредност од скоро четири милијарди долари (3,37 милијарди евра) годишно на увозот од САД за да возврати на нефер субвенциите за авиони.

ЕУ сепак ќе остане отворена за преговори, со тоа што Комисијата се залага двете страни да се откажат од царините за производите, рече Домбровскис.

Во сличен случај, СТО им дозволи на САД во 2019 година да воведат царини за производи од ЕУ во вредност од 7,5 милијарди долари (6,3 милијарди евра) како одговор на нелегалната државна помош за европскиот производител на авиони Ербас.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски