ЕУ ќе должи 30 милијарди евра на крајот на оваа година

Од:

Европската унија ќе има пет милијарди долг за неплатени сметки на крајот на оваа година, што собрано со долговите од изминатите години ќе достигне долг од фантастични 30 милијарди евра.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, неуспехот на Европскиот парламент и Европскиот совет да се договорат за буџетот на Унијата за 2015 година, отвори полемика за трошењето и искористувањето на средствата од страна на земјите-членки на ЕУ, што како резултат го даде долгот од 30 милијарди евра.

Токму натрупаноста со долгови на Унијата, придонесе да се вклучи аларм во Европарламентот и европратениците побараа тоа да престане. Тие сакаат да се средат долговите за оваа година, за потоа да го одобрат буџетот на ЕУ за идната година, иако останува уште нешто повеќе од еден месец за договор. Сепак, владите на земјите-членки на Европската унија неодмана не се договорија за решение и сега целио процес е блокиран.

За тоа како дојде до тоа Унијата да должи импресивна сума од 30 милијарди евра, европратеникот од Алијансата на европските либерал-демократи (АЛДЕ), Жерар Депре, вели дека е последица на два механизми.

– Во буџетот на Европската унија постојат две широки категории: обврските, односно сите проекти кои можат да бидат отворени, а потоа и да се платат, при што договорот меѓу ЕП и Советот, како по правило, доаѓа до заклучок дека износот на расходните обврски не може да бидат повисоки од плаќањата. Земјите-членки лесно велат“започнуваме голема програма во корист на ова или она”, но за одобрение на средства за плаќање, тие ја затвораат славинаа. И втор, до пред неколку години, новите земји-членки не успеваа да ги искористат сите кредитни линии што им беа на располагање, но по десет години во ЕУ сега тие ја познаваат механиката. Поради овие два механизми, сега секоја година постои недостаток на плаќање на резервираните средства – појаснува европратеникот Депре.

Недостигот на пари за плаќање на кредитните обврски ги загрозува европските обврски, па ако лани имаше стравувања за (не)доделување на грантовите од образовната “Еразмус”-програма, оваа година тоа е случај со вселенската политика на Унијата, односно немањето доволно средства за финансирање на подигнувачи на сателити “Галилео”, европската сателитска навигација (ГПС) или одредени истражувачки програми на Европската унија.

Според европратеникот Депре, доколку земјите-членки одбиваат да платат, а тоа е главен проблем, бидејќи тие знаат дека издвојувањето на средства за европската каса е чувствително прашање за домашната јавност, тогаш ЕУ-земјите придонесуваат повеќе во буџетот на ЕУ отколку што добиваат и тоа е проблем.

Инаку, доколку на крајот на оваа година, Европарламентот и Советот не го договорат буџетот на Еу за идната година, тогаш автоматски буџетот се дели на 12 еднакви делови (според 12-те месеци во годината) и на тој начин се финансира месец за месец, додека не се договори новиот годишен буџет.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ