ЕУ ги повика САД веднаш да ги укинат царините воведени околу случајот со „Ербас“

Од:

Европскиот комесар за трговија, Фил Хоган ги повика САД „веднаш да ги укинат неоправданите царини“ на европските производи, бидејќи европскиот произведувач на авиони „Ербас“ се усогласи со регулативите на Светската трговска организација во долгогодишниот конфликт со американскиот „Боинг“ и ги исполни сите услови.

– Неоправданите царини на европските производи се неприфатливи, ако не дојде до решение ЕУ ќе биде подготвена целосно да ги искористи своите права за санкции, истакна Хоган и додаде дека ЕУ дала конкретни предлози за да се постигне резултатот за кој беше преговарано во спорот.

Европскиот производител на авиони „Ербас“ денеска објави предлог за решавање на долгогодишниот спор со ривалот „Боинг“, што според ЕУ треба да доведе до тоа САД веднаш да ги укине казнените царини воведени поради конфликтот.

Брисел и Вашингтон се во спор од октомври 2004 година пред Светската трговска организација, обвинувајќи се меѓусебно за давање спорна државна помош на компаниите. Од „Ербас“ истакнаа дека ова е последна фаза од решавањето на 16-годишниот спор, со што се отстранува секакво оправдување за американските царини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски