ЕСМ: Во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври

Од:

ЕСМ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за месец октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на “ЕСМ Снабдување со топлина” од претходниот снабдувач со топлинска енергија “Снабдување со топлина Балкан Енерџи”.

„ЕСМ Снабдување со топлина, во законска постапка ја презема целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика како и Одлуката за давање на лиценца за вршење на дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување на континуитет односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.

ЕСМ Снабдување со топлина во иднина ќе биде Контролор на личните податоци на потрошувачите и истите ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци“ велат од компанијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Новите сметки донесоа гнев – зошто повеќе пари за пренос отколку за потрошена струја?

Видео: Млаки радијатори, се штеди ли на греење, ќе поскапи ли парното?

Анита Петровска Рајковиќ

ЕСМ Снабдување со топлина: Добивање на фактурата на меил е најсигурен и најеколошки начин на достава на сметките

Ана Ололовска

Потпишан договор, продолжува испораката на греење во Чаир и Бутел

Скопје Север исклучен од системот за гас по забраната од Град Скопје да користи мазут

Горан Наумовски

ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот, тие се одговорни за прекин на греењето во Чаир и Бутел