ЕСМ: Правните субјекти до утре да аплицираат за повластено користење струја

Од:

АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба ги повикува сите правни субјекти опфатени со одлуката на Владата за субвенционирано снабдување со електрична енергија, а кои ги исполнуваат условите од истата, да се пријават за снабдување со електрична енергија од 01.12.2022г, најдоцна до утре до 14.00ч.

Доколку не биде испочитуван рокот или пријавата се направи со некомплетни документи, пријавеното правно лице, по комплетирање на документите ќе биде вклучено во групата за снабдување од 1.1.2023година, велат од компанијата.

Повикот се однесува на јавните основни и средни училишта, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици (да се пријават мерните места на станиците) и дел од прехранбената индустрија со соодветните шифри на дејност наведени во одлуката на Владата.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов