ЕСМ: Блок 1 од РЕК Битола нема дефект, плански е исклучен поради интервенции

Од:

Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките велат од АД ЕСМ во реакцијата на тврдењата од ВМРО-ДПМНЕ дека поради дефет Блок 1 од РЕК Битола е надвор од мрежата.

– Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција. Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија се вели во демантот од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а власта зголемува плати на функционери

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Со уставните измени по примерот во Хрватска, Македонија би била држава на еден народ и на мацинствата, кои живеат во неа

Ана Ололовска

Мицкоски: Има неформална коалиција СДС-ДУИ-Левица, тие гласаа точки за бетонизација и бизниси во Скопје и Карпош

Ана Ололовска

Мицкоски: Ако власта смета дека формулата за успех за уставни измени е по примерот на Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ одма тоа ќе го прифати

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Убиства и тешки грабежи, во еден ден во Скопје, Спасовски ја претвори Македонија во Колумбија од 90-те

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува по животот на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Ана Ололовска