Ердоган: Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска, по враќањето од Сочи, изјави дека Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи.

dobivaj vesti na viber

– Позитивен аспект од нашата посета на Сочи е договорот со господинот (рускиот претседател Владимир) Путин за плаќање во рубљи, изјави Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи каде што се сретна со Путин.

Двајцата претседатели се договориле испораките на руски гас за Турција „делумно да се плаќаат во рубљи“, соопшти синоќа вицепремиерот на Русија Александар Новак.

Ердоган не го прецизираше обемот на идните трансакции во рубљи.

Со месеци Русија се обидува да ја наметне сопствената валута за плаќањето на гасот поради санкциите што ги воведоа западните земји поради нејзината инвазија на Украина.

Иако брзо ја осуди руската офанзива, Турција се одлучи за неутралност и не се приклучи на западните санкции против Москва.

Во 2021 година, Русија обезбедуваше околу една четвртина од увезената нафта на Турција и 45 отсто од природниот гас.

Ердоган и Путин во Сочи се договорија и за зајакнување на енергетската и економската соработка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германските резерви на гас пополнети 70 отсто и покрај намалените испораки од Русија

А1он

Нема гаранции дека Македонија ќе има непрекинато снабдување со гас, се зависи од волјата на „Газпром“

Орце Костов

Италија ќе им исплаќа по 200 евра на семејствата со ниски и средни примања во борба против инфлацијата

А1он

До крајот на месецов ќе почна да функционира нов резервоар за течен природен гас на грчкиот остров Ревитуса

Јовановиќ: Нашите политичари ќе се сетат на зимата по летните одмори

Орце Костов

Петков: Првиот од седумте танкери со течен гас за Бугарија ќе биде растоварен во Грција