„Епл“: Се соочуваме со тешкотии при испораките на Ајфон поради новиот коронавирус

Од:

Технолошкиот гигант на „Епл“ предупредува дека се соочува со „тешкотии во испораките на Ајфон“ поради затворањето на голем број фабрики во Кина како дел од карантинот против „Ковид-19“, објави „Гардијан“.

Компанијата со седиште во Калифорнија ги предупреди своите акционери и инвеститори дека нема да можат да генерираат очекувани приходи од 63 до 67 милијарди долари овој квартал.

Причината е „привремени ограничувања со снабдување“ за делови за Ајфон, како и остар пад на купувачите во Кина, каде десетици милиони не можат да одат во продавници.

„Епл“ издаде само предупредување без да ги ревидира очекуваните приходи од новата ситуација.

Според компанијата, „животот се враќа во нормалниот ритам во Кина, но тој е побавен отколку што очекува“.

Затоа „Епл“ објави невообичаено широк распон на проценети од приходи од 63 до 67 милијарди, бидејќи не е познато колку ќе трае кризата во Кина.

Би можело да ве интересира

Епл повторно на врвот на листата највредни брендови

Ана Ололовска

„Епл“ со рекордна испорака на смартфони во четвртиот квартал

Ана Ололовска

Гугл ја блокираше апликацијата „Парлер“

Ана Ололовска

Епл се закани дека ќе ја отстрани социјалната мрежа „Парлер“ од својата APP Store

Ана Ололовска

Сите продавници на Епл во Британија се времено затворени

Ана Ололовска

Илон Маск: Се обидов да ја продадам „Тесла“ на „Епл“

Ана Ололовска