„Епл“ може да го пресели производството на АјФон од Кина

Од:

„Епл“ ја разгледува можноста за преселување на производството на телефоните АјФон од Кина, ако увозните давачки на САД достигнат 25 отсто.

Засега, компанијата чека да види како ќе се развива трговскиот спор меѓу двете светски водечки економии.

Добавувачите на технолошкиот гигант планираат да се придржуваат до постојниот модел дури и ако САД воведеат тарифа за 10 отсто за паметните телефони, велат извори на „Блумберг“.

Но, ако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја зголеми царините на 25 отсто, тогаш „Епл“ и добавувачите ќе ја разгледаат новонастанатата ситуација.

Претходно, Трамп изјави дека „Епл“ и неговите клиенти нема да страдаат од царините од 10 отсто за увоз на паметни телефони и лаптопи од Кина.

– Луѓето можат да се справат со ова многу лесно, изјави Трамп.

Економистите и аналитичарите сметаат дека обидот на претседателот на САД да го намали трговскиот дефицит со Кина, би можел да биде „катастрофален“ за Епл.
„Епл“ би можел да го „склопува“ АјФон надвор од Кина, на пример во Индија, но масовното преместување на производството е премногу тешка задача. Според аналитичарите, таквиот потег е невозможен во моментот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски