„Ендава“ здружува сили со „Велосити Партнерс“ со цел засилен раст на ИТ пазарот во Северна и Јужна Америка

Од:

Глобалната ИТ компанија „Ендава“, која има свои канцеларии и во Скопје, најави спојување со иновативната компанија за развој на софтвер „Велосити Партнерс“, а целта е новата компанија да стане глобален ИТ играч и да им овозможи на клиентите поголем избор на географски достапни и приспособливи сервиси и технологии. „Велосити парнерс“ е лоцирана во Латинска Америка додека „Ендава“ има канцеларии низ Северна Америка, Западна Европа, Централна Европа и Латинска Америка.

Со ова, компанијата ќе има над 4.600 луѓе, со дополнителни шест агилни центри за развој на софтвер во Аргентина, Уругвај, Венецуела и Колумбија кои ќе ја надополнат постојната испорака на „Ендава“ и од центрите низ цела Романија, Молдавија, Бугарија, Србија, Македонија и Колумбија.

Ова ќе овозможи на „Ендава“, која обезбедува агилни, дигитални и автоматизирани решенија за некои од водечките светски финансиски, осигурителни, телекомуникациски, медиумски, технолошки и малопродажни компании, понатамошно проширување во Северна Америка и понуда на најсовремен модел и испорака од светски ранг – формула што во текот на годините принесе за континуиран успех. Компанијата има силен бизнис перформанс и приходи до 38% од година во година, што е комбинација на стабилен органски раст и меѓународна експанзија со превземања.

Питер Стров, управител на „Велосити Партнерс“ изјави: “Уште од почетокот имавме цел да бидеме водечки софтверски лидер, каде талентираните луѓе го достигнуваат својот потенцијал и клиентите добиваат партнер во кој веруваат. Со тоа што станавме дел од групацијата „Ендава“, нашите клиенти добиваат пристап до проширен сет на решенија и услуги, а нашиот персонал добива можности за развој и работа на глобални проекти и подобрени работни средини со најсовремени програми за обука и развој”.

Џон Котeрел, извршен директор на „Ендава“ изјави: „Велосити Партнерс“ ја носи агилноста во нивната ДНК и во иновативниот пристап, што ќе допринесе дополнително да им помогнеме на нашите клиенти во реализација на нивната идеја до финален продукт и да им овозможи да бидат побрзи и поефикасни. Ние сме горди што градиме глобална технолошка компанија и сме посакуван бренд за ИТ професионалци во регионите во кои работиме, привлекувајќи ги најдобрите таленти и нудејќи одлична кариера и можности за развој на луѓето”.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска

„Синами“: Нова приказна во македонскиот ИТ ќе го освојува светскиот пазар

Ана Ололовска

Касперски: Пандемијата го пролонгира напредувањето на жените во ИТ

Ана Ололовска

Објавена листата на обуки за ИТ-вештини и нивни даватели, може да аплицираат млади до 29 години

Ана Ололовска

Дилемите од примената на Законот за ДДВ и одданочувањето на ИТ-услугите

Ана Ололовска

Познати и успешни жени од ИТ светот со охрабрувања за младите девојчиња да влезат во СТЕМ професиите

Ана Ололовска