Експропријацијата причина за застој во изградбата на новиот систем за наводнување Равен-Речица

Од:

Се надминуваат проблемите со експроприцијата за изградба на на новиот систем за наводнување Равен-Речица поради што одреден период нема градежни работи. Ова од тетовско Желино го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

– Таму има застој поради експропријација. Преземени се конкретни мерки, известен е јавниот правобранител да излезе на место и верувам дека по тој застој што е моментално, интензивно ќе продолжи да се работи и во најбрз можен рок ќе има завршеток на прва фаза. Реално повеќе од 70 отсто е поставен каналот, но со одредени технички проблеми на кои работиме да се отстранат, истакна министерот Хоџа.

Во август 2018 година беше поставен камен темелник за изградба на нов систем за наводнување Речица-Равен, кој ќе опфаќа дел од полошката котлина северно од автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. По изградбата предвидено е наводнување на потенцијални 3250 хектари земјоделско земјиште кое се протега на подрачјето на Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.

Вкупната вредност за изградба на системот за наводнување изнесува скоро 15 милиони евра.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп