Еко – заедничката валута на земјите од Западна Африка во мртва точка

Од:

Бета

Монетарното обединување за кое се зборува веќе 30 години, со воведувањето на „Еко“ валутата, требаше да почне оваа година, но три месеци пред крајот на годината, таа хипотетичка идна западноафриканска единствена валута е во целосен застој.

Најавата на шефовите на држави на економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS) во 2019 година за воспоставување нова валута се чинеше нереална: создадете централна банка за неколку месеци, одлучете за режимот на девизниот курс, произведувајте монети и банкноти, адаптирајте компјутерски системи и администрација, се што за Европа беа потребни петнаесетина години за да го лансира своето евро.

Пандемијата и додаде на фискалната збрка конфузија и внатрешната криза создадена од најавената промена од сегашната валута подлога – францускиот франк, на „еко“ на осум западноафрикански држави од економската и монетарна унија (Уемоа), членка на ECOWAS. И тоа на длабока жал на англофона Нигерија. Таа промена се уште не е можна, иако беше најавена за јули.

Како резултат на тоа, на последниот самит на ECOWAS во Ниамеј на почетокот на септември, нигерискиот претседател Махамаду Исуфу ги повика своите колеги „да изготват нов план, задржувајќи го постепениот пристап кон лансирањето на заедничката валута“.

„Не, тоа не е погреб, тоа е одложување“, смета Јао Прао, професор по економија на Универзитетот Буаке (Брегот на Слоновата Коска), според кого претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Уатара предизвикал петгодишно одложување.

„Тоа е прашање на политичка волја. Пет години се доволни за да стигнеме таму”, рече професорот, и покрај „несогласувањето” на земјите кое посебно го изрази Нигерија, „тешка категорија” меѓу 15 земји на ECOWAS, со 180 милиони жители од вкупно 300 милиони во регионот, и со 60 проценти од вкупниот БДП на таа област во Африка.

Нигерија бара, за да се приклучи на вистинската монетарна унија, земјите од зоната ECOWAS целосно да ги прекинат финансиските врски со Франција и да ја спроведат најавената реформа на валутата.

Сепак, земјите од зоната на франци стравуваат од паѓање во монетарната нестабилност што ја доживеаја нивните соседи во западноафриканската монетарна зона (ВАМЗ), секоја со своја валута.

„Добро е земјите од Западна Африка да добијат единствена валута, но мора да расправаме за критериумите за конвергенција (инфлација, долг, јавен дефицит): да не се обидуваме да ја имитираме Европа, воспоставувањето единствена валута не смее да доведе до политика на штедење на штета на растот и вработувањето“, вели Прао.

Економската криза предизвикана од пандемијата, со опаѓање на растот во Западна Африка, во секој случај ја поткопа усогласеноста со тие критериуми на конвергенција.

За економистот и поранешен министер на Брегот на Слоновата Коска, Даниел Аникп, „Еко“ нема да се случи „затоа што нема политичка волја“.

„Кога бев министер во 2000 година, тогаш беше речено дека ќе биде за пет години“, рече приврзаникот на заедничката западноафриканска валута.

„Но, не можеме да чекаме илјада години за да се решат меѓусебните некомпатибилности“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска