ЕК започнува консултации за зајакнување на еврото

Од:

Европската комисија започна консултации со релевантни соговорници во обид да ја зајакне меѓународната улога на еврото, јави дописничката на МИА од Брисел.

Комисијата соопшти дека консултациите се наменета за финансиските институции и „другите релевантни актери“, што значи дека не се јавни, какви што се често одржува европската извршна власт.

– Целта е да се процени улогата на еврото на странските пазари, посебно во споредба со другите големи валути, стои во денешното соопштение на Еврокомисијата.

Планот е дел од политиката на ЕК објавена во декември за „посилна меѓународна улога за еврото“.

По овие консултации ќе бидат отворени други за, меѓу другото, земјоделството, челикот, минералите и транспортниот сектор.

Во време кога ЕУ се соочува со бројни предизвици од сите големи сили, како Русија, така и САД и Кина, и по десетгодишна економска и финансиска криза на континент, мерките за зајакнување на еврото имаат за цел да ја зајакнат самата Унија и да им се понуди поголема заштита на граѓаните и на компаниите, како и да се промовираат европските вредности и интереси.

Би можело да ве интересира

Доларот зајакна во однос на еврото

Бесљими: Ние сме за преоден рок, нема да има казна за користење динари

ЕУ бара разјаснување и ги анализира мотивите на Косово за прогласување на еврото како единствена валута

А1он

Косово го воведе еврото како единствена валута

Анита Петровска Рајковиќ

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Доларот зајакна во однос на еврото, падна цената на нафтата