ЕК: Грчката економија ќе продолжи да закрепнува во наредните години

Од:

Европската комисија прогнозира дека грчката економија ќе забележи раст од 1,9 отсто во 2018 година и 2,3 отсто во 2019 година (во споредба со 1,4 отсто во 2017 година), објави АНА-МПА.

Економските проекции на ЕК остануваат непроменети од претходните објавени во мај.

Инфлацијата во Грција се очекува да изнесува 1,1 отсто во 2017 година, 0,7 отсто во 2018 година и 1,9 отсто во 2019 година.

Во извештајот на ЕК се нагласува дека грчката економија забележала силен старт во првиот квартал на 2018 година и се додава дека „по успешното завршување на програмата на Европскиот механизам за стабилност се очекува економското заздравување да продолжи и во наредните години, под услов да се исполнат обврските за реформи“.

Според податоците на ЕК, реалниот БДП се зголемил за 0,8 проценти во првиот квартал на 2018 година, што одговара на годишен раст од 2,3 проценти. Тоа, според Комисијата, потврдува дека забавувањето на растот до 0,2 отсто во последниот квартал на 2017 година било привремено и дека Грција всушност следи нагорен тренд.

Во првиот квартал од 2018 година, растот бил поддржан од нето-извозот, што придонесол за раст на БДП од 1,4 процентни поени. Приватната потрошувачка забележала пораст за првпат од 2016 година наваму, но придонесот и е компензиран со намалување на јавната потрошувачка, па вкупната потрошувачка останува на речиси исто ниво од 0,1 процент. Сепак, се забележува дека има голем пад на инвестициите.

Главен двигател на растот во 2018 и 2019 година се очекува да бидат инвестициите благодарение на подобрената деловна клима и зголемените странски директни инвестиции. Се очекува приватната потрошувачка да остане помала, а придонесот на нето извозот да биде поумерен затоа што зголемената инвестициска активност ќе создава дополнителна побарувачка на увозни стоки.

Исто така се истакнува дека инфлацијата на потрошувачките цени достигнала 0,8 отсто во мај, и изнесува 0,4 отсто во просек во првите пет месеци од годинава, главно поради повисоките цени на преработката на прехранбените стоки и на енергијата. Поради повисоките прогнози за цената на нафтата, предвидувањата за општата инфлација лесно ќе се променат кон нагоре.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски