ЕИБ и дала 100 милиони евра на Македонија во 2012. што донеле 2.000 нови работни места

Од:

Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбедила заем од 100 милиони евра за Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) во 2012 година, за подобрување на пристапот до финансии за малите и средни претпријатија во земјата.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Луксембург, денеска го потврди банката на Европската унија, што се пари кои се дел од шесте милијарди евра што ЕИБ ги вложила за период од пет години во земји од јужното соседство и во Западниот Балкан. Овие средства, според објаснувањето на оваа банка на ЕУ придонеле да се задржат 16,5 илјади работни места во македонската држава, како и да се создадат две илјади нови работни места.
Стоте милиони евра што ги добила Македонската банка за поддршка на развојот, според Европската инвестициска банка и овозможиле на оваа национална промотивна банка да им позајмува на локалните банки во Македонија и обезбедиле финансирање на 44 мали и средни претпријатија и четири средно-големи претпријатија во земјата.

– Кредитите во просек изнесуваат 222.000 евра, со просечно траење од 5,5 години, со значително подобрување на кредитите за позајмување кои им се достапни на малите и средните претпријатија на локалниот пазар. Ова кредитирање помогна да се одржат 16.542 работни места во корисничките компании и создаде над 2.000 нови работни места. Тоа помогна да се финансираат инвестициите од страна на компаниите-корисници со вкупно 171 милион евра, соопштија од Европската инвестициска банка со седиште во Луксембург.

Од поволните заеми на ЕИБ за развојни проекти во рамки на приватниот сектор, освен Македонија, корист имале и Мароко и Египет, земји од соседството на Унијата, додека во јавниот сектор, покрај Египет, профитирале и Тунис и Јордан. Овие поволни заеми, банката на Европската унија ги доделува за поддршка на малите и средни претпријатија во земјите од соседството и на Западниот Балкан на повик на Европскиот совет за интензивирање на поддршката на овие земји, со цел истите да остварат економски раст и да постигнат одржливи развојни цели.

Би можело да ве интересира

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

Орце Костов

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ

АНАЛИЗА : Банките ги заострија кредитните услови – фирмите и граѓаните „воздржани“ од нови задолжувања !