Едукација на компаниите за новиот систем за фискализација

Од:

Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Даночната академија на Управата за јавни приходи (УЈП), почна со обуки за компаниите за новиот систем за фискализација.

Освен во Скопје, планирано е вакви обуки да се одржат и во повеќе градови низ државата со цел поголема информираност на компаниите за сите новини поврзани со Законот за регистрирање на готовински плаќања.

– Интересот за обуката од страна на компаниите членови на ССК е голем, бидејќи практично им се појаснуваат новините во Законот за регистрирање на готовински плаќања. На денешната презентација компаниите се запознаа со основните права и обврски утврдени во Законот, со начинот на регистрирање готовински плаќања, како и со интегрираниот автоматски систем за управување. На компаниите присутни на обуката им беше презентирано практичното функционирање на ГПРС системот од технички аспект, изјави Митко Алексов, извршен директор на ССК.

Согласно законските измени, сите даночни обврзници кои во 2013 година оствариле промет над 10.000.000 денари беа должни најдоцна до 31 октомври годинава да набават фискална каса или да ја надградат постојната со ГПРС. Овој рок беше задолжителен независно од остварениот промет и за даночните обврзници кои вршат угостителска дејност и за оние кои вршат промет на нафтени деривати на мало. За сите останати даночни обврзници крајниот рок за набавка и користење на нова или надградба на постојната фискална каса е 31 јануари 2015 година.

Би можело да ве интересира

Познат скопски ресторан издава фискални сметки на руски јазик

Ана Ололовска

Најмалку фискални сметки се издаваат за извршени услуги

Ана Ололовска

Одложено воведувањето фискални со ГПРС за таксистите

Ана Ололовска

Утре истекува рокот за воведување фискални со ГПРС

Ана Ололовска

Последно извлекување за „Фискална во рака, награда без мака“

Ана Ололовска

Викенд забава „Купи куќа, добиј стан“

Ана Ололовска