ЕДС: Неточни и веќе демантирани се информациите од пресот на ВМРО ДПМНЕ, не е отворена никаква истрага од грчкото обвинителство

Од:

„ВМРО ДПМНЕ повторно за веќе демантирана вест одржа прес конференција. ЕДС уште еднаш остро ги демантира и отфрла како невистинити сите наводи дека е започната каква било истрага во врска со продажбата на компанијата ЕДС, или пак во врска со претходниот сопственик Кочо Анѓушев.

Компанијата ЕДС целосно премина во сопственост на грчката државна компанија за производство на струја, Public Power Corporation и како таква продолжи да работи на регионалниот пазар. Купопродажниот договор е склучен согласно законските процедури, а на истиот претходеше извештај од повеќе реномирани ревизорски куќи кои ја проценија вредноста на компанијата.

ЕДС уште еднаш потенцира дека доколку продолжат да се изнесуваат невистинити и неточни информации во врска со компанијата, се преземаат и ќе бидат преземени сите потребни, правни чекори за да се заштити угледот на компанијата ЕДС и да се спречи ширењето на лажните обвинувања“, се вели во реакцијата на ЕДС на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја од јули? Понудите од ЕДС, ЕВН и ЕСМ отворени, Владата не закажува аукција

Орце Костов

Денеска електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со струја

А1он

Дали се прави обид да се дисквалификува ЕДС со непочитување на Законот за јавни набавки?

А1он