Една милијарда евра акумулирани во двете пензиски друштва од вториот столб

Од:

Околу 500 илјади членови имаат двете пензиски друштва во вториот столб од задолжително капитално финансираното пензиско осигурување. Вкупните средства кои во овие две пензиски друштва се акумулирани од нивното формирање досега изнесуваат околу една милијарда евра.

Како што информираше на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика членот на Советот на МАПАС, Агенцијата која се задолжена за супервизија на овие пензиски друштва, Дарко Саздов, се вршат редовни контроли на нивната работа. Контролите, истакна тој, вонтеренски се одвиваат на дневна основа, а теренски на годишно ниво.

МАПАС, потенцираше Саздов, презентирајќи го Извештајот за минатогодишното работење, покрај супервизијата на работата на пензиските друштва, работи и на подигнување на свесноста на јавноста за, како што рече, целите и принципите на задолжително капитално финансираното пензиско осигурување.

Првиот столб е задолжителниот државен пензиски фонд, Фонд на ПИОМ кој функционира на принцип на генерациска солидарност. Вториот столб го сочинуваат задолжителните приватни пензиски фондови, а осигурениците избираат еден од нив. Средствата вложени во вториот столб се инвестираат според утврдени прописи и обезбедуваат највисок степен на заштита на осигурениците и на нивните средства.

Во првиот столб од вкупно 18 проценти придонеси за пензиско осигурување од бруто-платите се уплаќаат 12 отсто, а во вториот 6 отсто.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Кривична за екс директор на ПИОМ Тетово – вработувал и давал плата на лица кои не ни доаѓале на работа

Кривична за поранешен директор на Фондот за ПИОМ: Исплаќал плати на луѓе кои не доаѓале на работа

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи