ЕБОР со поддршка на сет мерки ќе го поттикне пристапот на С. Македонија кон ЕУ

Од:

Со поддршка на сет мерки за политички ангажман, техничка помош и инвестиции, Европската банка за обнова и развој ќе го поттикне приближувањето на земјава кон Европската унија.

За таа цел денеска на виртуелна церемонија бил потпишан меморандум за разбирање со Владата на кој се обратил и евроамбасадорот Дејвид Гир. Договорот го потпишале премиерот Зоран Заев и претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, а на чинот на потпишување присуствувал и министерот за финансии Фатмир Бесими.

Соработката ќе се фокусира на три области – зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инклузивен раст, на одржлива инфраструктура и транзиција кон зелена економија. Владата и ЕБОР ќе соработуваат и во подобрување на инвестициската клима, промовирање на меѓуграничната трговија и инвестиции и соработка со претпријатијата во државна сопственост од енергетиката и инфраструктурата.

Претседателката на ЕБОР го поздравила потпишувањето и истакнала дека се охрабрени од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ.

– Охрабрени сме од чекорите кои Северна Македонија ги прави во нејзиното пристапување кон ЕУ и ни претставува задоволство да ги поддржиме овие витални напори со нашиот придонес. Во овие времиња кои бараат поголем ангажман, поважно од било кога е со заеднички сили, не само да се справиме со моменталните предизвици, туку и да ги согледаме долгорочните цели на земјата, истакнала Рено-Басо.

Премиерот Заев ја потенцирал важноста од реализацијата на приоритетите во Меморандумот, ставајќи акцент на владеењето на правото, намалувањето на корупцијата, зајакнувањето на транспарентноста и решавањето на прашањето со сивата економија, како предуслов за зголемување на инвестициската активност.

Заев истакнал дека и покрај бројните предизвици и неизвесноста со пандемијата, заложбите на Владата на среден и на долг рок се преку системски мерки да се придонесе за севкупен економски раст.

Досега, ЕБОР има инвестирано над 2 милијарди евра во 136 проекти во земјата.

Би можело да ве интересира

ЕБОР иницира прва програма за циркуларна економија за Западен Балкан и Турција

А1он

ЕБОР: Домаќинствата ќе блеснат во нов сјај со поддршка на ЕУ, Австрија, билатералните донатори и ЕБОР

А1он

Влада: Одобрено е финансирањето на фотоволтаичните електрани Осломеј и Битола преку ЕБОР

А1он

ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на РСМ на четири проценти

Ана Ололовска

Бесими: „Бас Рапид Транзит“ е „зелена економија“ – вакви проекти се потребни за побрзо економско заздравување

Ана Ололовска

Кредит од 2,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ наменет за малите и средните компании

Ана Ололовска