Е-трговијата во Германија минатата година изнесувала 72,6 милијарди евра

Од:

Германската Агенција за е-трговија и продажба на далечина соопшти дека дигиталната трговија е водечка во малопродажбата во денешницата.

Секторот за е-трговија во Германија се зголемил за 11,6 отсто во 2019 година во однос на претходната година.

Германската Агенција за е-трговија и продажба на далечина соопшти дека секторот за интернет трговија, вклучувајќи го ДДВ-то, во текот на минатата година во земјата изнесувал 72,6 милијарди евра, што е повеќе за 11,6 отсто во однос на 2018 година, кога изнесувал 65,1 милијарда евра.

Од Агенцијата проценуваат дека секторот за е-трговија во Германија оваа година ќе се зголеми за околу десет проценти и ќе достигне 80 милијарди евра.

Купувањето преку интернет може да биде најбрз и често најевтин начин за снабдување со некој одреден производ.

Е-трговијата се смета за најпрофитабилен облик на трговија поради едноставноста и ниските трошоци.

Најголеми европски пазари за е-трговија се Германија, Велика Британија и Франција.

Би можело да ве интересира

Зехофер: Висока опасност од десничарски екстремизам во Германија

Ана Ололовска

Меркел и Макрон телефонски разговараа со Путин за ситуацијата во Идлиб

Ана Ололовска

Меркел: Расизмот е отров

Ана Ололовска

Мас: Десничарскиот тероризам повторно е закана за Германија

Ана Ололовска

Многу од жртвите во Ханау се со странско потекло

Ана Ололовска

Германското обвинителство го третира нападот во Ханау како тероризам

Ана Ололовска