ДЗС со нови истражувања – за земјоделството, трговијата и туризмот

Од:

Структурно истражување на земјоделските стопанства, Попис на капацитетите во трговијата и угостителството, Анкета за странски туристи во сместувачките објекти и Анкета за странски посетители – анкета на гранични премини, се најновите статистички истражувања што се спроведоа во 2016 година.

Резултатите од овие анализи, како што информира Државниот завод за статистика, ќе бидат објавени во првата половина од 2017-та.

– На 30 јануари ќе излезат податоците за земјоделските стопанства, на 14 февруари оние за капацитетите во трговијата и угостителството, а во април ќе ги соопштиме резултатите од анкетите во туризмот, вели заменик-директорот на ДЗС Дејан Станков.

Приоритети на ДЗС остануваат осовременување и поедноставување на прибирањето на податоците, како и поголемо користење на административни извори.

Годишната статистика покажува дека веб страницата на ДЗС дневно има по 800 посети (во текот на работната недела), а вкупниот број на прегледи по страници е 1,1 милион.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика