ДЗС: Пад на извозот од 12,8 и на увозот од 11,5 проценти во периодот јануари – октомври 2020 година

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 287 004 милиони денари и бележи пад од 12,8 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 376 503 милиони денари, што е за 11,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 89 499 милиони денари, додека покриеноста на увозот со извоз за овој перид изнесува 76,2 проценти.

– Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, се вели во соопштението до ДЗС.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена во периодот јануари – октомрви 2020 година земјата најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

– Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 4 653 милиони евра и бележи пад од 13 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 105 милиони евра, што е за 11,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1 451 милиони евра, информираат од Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 5 285 милиони САД долари и бележи пад од 11,9 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 921 милиони САД долари, што е за 10,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1 635 милиони САД долари.

Би можело да ве интересира

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија

Царина проверува дали увозниците на земјоделски производи приложувале лажни фактури

Орце Костов

Извоз од 1,441 милијарда долари во првите два месеца од годинава