Џорџ Сорос го намали уделот во компаниите „Епл“ и „Снеп“

Од:

Членовите на Комисијата за хартии од вредност соопштија дека инвестицискиот фонд на Џорџ Сорос го намали својот удел во „Епл“ и „Снеп“ во последниот квартал.

dobivaj vesti na viber

Тој, исто така, продаде дел од уделот во другите технолошки гиганти, како што се „Фејсбук“ и „Твитер“.

Според податоците на Комисијата, фондот на Сорос продал 1.700 акции од „Епл” и удел во вредност од над еден милион во „Снеп”.

Фондот го намали уделот на Твитер за 5.700 акции, а задржа 18.400 акции на други социјални мрежи.

Инвеститорот се ослободи од 367.262 акции на „Фејсбук“, па сега има 109.451 акции на оваа мрежа.

Во исто време, Хеџ фондот на Сорос го зголеми својот удел во „Мајкрософт” за 99.000 акции и во Амазон за 2.500 акции.

Повлекувањето на Сорос предизвика намалување на акциите на сите споменати компании.

Би можело да ве интересира

Акционерите во Твитер го одобрија договорот со Маск за купување на компанијата

Ана Ололовска

Десетици илјади корисници без пристап до Твитер

Ана Ололовска

Во своето прво обраќање до вработените на Твитер, Маск зборуваше за намалување на персоналот

Ана Ололовска

Маск: Привремено суспендирано преземањето на Твитер

Ана Ололовска

Илон Маск „на исто мислење“ со ЕУ по однос европската регулатива на дигиталната сфера и „Твитер“

Ана Ололовска

Русија го казни Твитер со три милиони рубљи

Ана Ололовска