Џонсон бара олабавување на мерките за да се спасат 3,5 милиони работни места

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на министрите во неговата влада што е можно поскоро да ги укинат мерките за изолација за да се спречи околу 3,5 милиони луѓе да ги загубат своите работните места, напиша денеска лондонскиот весник „Сан“.

Весникот вели дека веста доаѓа откако премиерот потпиша нови мерки за зајакнување на економијата, а откако претходно министерот за економија Алок Шарма го известил дека се загрозени повеќе од три милиони работни места во секторот на угостителство.

Според весникот, Џонсон на предупредувањето одговорил со „Господи!“.

Весникот наведува дека тој, наводно, на група министри им дал задача до јули да излезат со мерки за да може животот колку толку да се врати во нормала.

„Не би рекол дека ни се заканува цунами од загуби на работни места, но тоа ќе биде доста голем бран“, изјави неименуван британски функционер, запознатн со ситуацијата.

Велика Британија е на второ место во светот според бројот на смртни случаи од коронавирусот со 40.465 смртни случаи, а досега 284.868 се регистрирани како заразени.

Водечките британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон да нареди земјата да се подготви за вториот бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат доколку земјата не го подобри одговорот на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Секогаш ќе стоиме на страната на нашите сојузници во НАТО наспроти руското непријателство – порача Борис Џонсон

Катерина Ѓуровски

Велика Британија од 15 јуни ги отвора верските објекти и продавниците во моловите

А1он

Шкотската премиерка го одби новиот слоган на Џонсон

А1он

Путин со пораки до Трамп и Џонсон: Некогаш бевме заедно на првата линија, тоа искуство ние потребно и денес

А1он

ЕУ отвора дипломатско претставништво во Лондон

Меј: Ако Парламентот го отфрли договорот за Брегзит, Британија ја очекува неизвесност

Наум Локоски