Џеф Безос е првиот човек во историјата кој има над 200 милијарди долари

Од:

Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари.

Според индексот на милијардери на „Блумберг“, Безос сега има 202 милијарди американски долари, што го прави за 78 милијарди долари „потежок“ од Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ и втор на листата на најбогати луѓе во светот.

Богатството на Џеф Безос во најголем дел се должи на уделот во акциите на компанијата, чија цена постојано растеше во изминатите години, особено во последните две години, пренесува „Блумберг“.

Во 2018 година, тој стана најбогат човек во современата историја, а неговото богатство тогаш се проценуваше на 150 милијарди долари.

Акциите на „Амазон“ достигнаа највисоко ниво на финансискиот пазар во април годинава, кога компанијата заработи стотици милијарди долари, а инвеститорите остварија профит од 86 проценти на инвестиции во компанијата на Безос.

„Амазон“ вреди 1,7 илјади милијарди американски долари и стана втората највредна американска компанија по „Ејпл“.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски