Две нови инвестиции на МЕПСО за постабилна електроенергетска мрежа

Од:

Енергетската компанија МЕПСО денеска ги пушти во употреба новиот 440/110 киловолтен автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 и реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје – Куманово.

dobivaj vesti na viber

Двете инвестиции се вредни четири милиони евра и со нив  ќе го зголеми квалитетот на електричната енергија и ќе ги сведат на минимум ризиците од испади на електричната мрежа.

Автотрансформаторот чини 2,7 милиони евра, а со неговото ставање во функција ќе има два автотрансформатори, кои работат паралелно и имаат автоматска регулација на напон. Трансформаторот е изработен од материјали од најнова генерација, а производител е КРТ Загреб, дел од групацијата „Сименс“.

Кај реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје-Куманово извршена е замена на постоечките со нови проводни јажиња во должина од 26 километри, а оваа инвестиција чини 1,3 милиони евра.

На официјалното пуштање во употреба присуствуваше премиерот Никола Груевски, кој најави дека и во иднина ќе се продолжи со инвестиции во преносната електроенергетска мрежа во државата.

– Овие проекти се дел од нашата визија за Македонија и се пример за успешна и оправдана инвестиција во енергетскиот сектор. Но тука не застануваме, паралелно на ова продолжување со ревитализација на преносната мрежа во цела Македонија, како и поврзување со соседните земји за поголема енергетска стабилност, истакна Груевски.

Денешното пуштање во употреба на двете важни инвестиции во енергетскиот сектор, според премиерот Груевски, се потврда дека Владата заедно со МЕПСО презема конкретни чекори за остварување на зацртаните цели во развој и изградба на електроенергетскиот систем.

– Енергијата е крвотокот на нашето современо општество и не случајно стратешките определби на Владата ја поставуваат енергетиката како еден од носечките столбови за одржлив развој и раст на македонската економија, нагласи Груевски.

Директорот на АД МЕПСО, Синиша Спасов посочи дека десетгодишната програма 2011-2020 на компанијата содржи низа проекти со чија имплементација ќе се надградува, модернизира, конфигурира и ќе се зголемува капацитетот на преносната мрежа.

Со новиот автотрансформатор, како што рече Спасов, се создава енергетска инфраструктура со која се задоволуваат не само сегашните, туку и идните потреби.

– Автоматската регулација на напон на двата трансформатори во паралелна работа овозможува да бидеме чекор пред предизвиците, да обезбедиме услови за квалитетно, навремено и непречено снабдување со електрична енергија, истакна Спасов.

Со реконструираниот далекувод Скопје-Куманово, посочи Спасов, ќе се подобри стабилноста и доверливост на електроенергетскиот систем во североисточниот регион од државата.

Во следниот период најави завршување на изградбата на 110 киловолтниот далекувод меѓу трансформаторските станици Битола 3 и Битола 4, како и 110 киловолтен далекувод меѓу хидроцентралата Вруток и трансформаторската станица Тетово 2. Наскоро ќе започне и изградбата на 400 киловолтен далекувод што ќе биде второ електроенергетско поврзување меѓу Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

Мицотакис соопшти дополнителни мерки за справување со покачувањата на цената на струјата

А1он

Двоцифрен раст на цените на струјата и гасот за домаќинствата во ЕУ

А1он

Во Албанија над 50 илјади семејства ќе плаќаат поскапа струја

А1он

Албанските семејства кои ќе трошат над 700 квч месечно ќе плаќаат поскапа струја

А1он

Ковачевски: Со субвенционирање на цената на струјата граѓаните штедат во просек месечно 2.150 денари

А1он

ВИДЕО: Пуштен е во употреба 110 кV далекувод „ТС Штип-ТС Овче поле“

Ана Ололовска

Leave a Comment

nineteen + six =