ВИДЕО: Дуалното образование и мерката „младински додаток“ даваат резултати, вели Царовска

Од:

Компаниите во индустриските зони работат и покрај корона кризата. Секоја од нив има различна динамика, затоа и индивидуално се справува со предизвиците. Дел користеа владини мерки за поддршка, а дел се помогнати од нивните матични фирми, рече денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Според неа, со социо-економските проблеми предизвикани од КОВИД се соочува целиот свет, не само нашата земја.

Царовска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски ја посети компанијата „Витек“ во ТИРЗ во Скопје 1 и направи обиколка на производствениот погон. Со менаџментот поразговараa за работниот процес и обезбедувањето млад тим.

-Дополнително разговаравме како влијае мерката „младински додаток“ кај нивните вработени. Сметаат дека има поголем поттик младите луѓе да доаѓаат во нивната компанија и да се вклучат во работниот процес, во производство, рече Царовска, посетувајќи дека согласно мерката, секое младо лице до 23 години, вклучено во производство, добива дополнителни 3.000 денари од Агенцијата за вработување.

На овој начин, подвлече вицепремиерката, Владата сака директно да ги поттикне младите да бидат позаинтересирани за работа во производство.

Од „Витек“ информирале дека секое лето организираат пракса, како и дека потоа, половината од учениците што доаѓале на пракса, останувале во компанијата. Тоа покажува, рече Царовска, дека системот на дуално образование ќе даде резултат.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Младеновски соопшти дека „Витек“ планира проширување, реализирање уште една, четврта фаза, и нови 100 вработувања.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов