Државна помош побарале уште 778.000 невработени во САД

Од:

Околу 778.000 американски работници минатата недела се пријавиле за надомест за невработеност, бидејќи ненадејниот раст на случаи на коронавирус го попречува и го држи под притисок закрепнувањето на пазарот на трудот, соопшти денеска Министерството за труд на САД.

Со новите невработени кои поднеле барање за државна помош, вкупниот број, според евиденцијата на Министерството, достигна околу 68,9 милиони луѓе, покажуваат сезонски усогласените податоци за ефектите од Ковид-19, што е приближно еднакво на населението на Тајланд, пренесува „Њујорк Пост“.

Бројот на новорегистрирани невработени се зголемува втора недела по ред, а веќе девет месеци по ред го надминува највисокото ниво од периодот пред пандемијата од 695.000 поднесени апликации.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност