„Доста е, претеравте“, протест на КСС утре пред Владата и Собранието

Од:

Социјален дијалог нема, уништен е, нема ниту покачување на минималната плата, вака денеска Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го најави утрешниот протест што ќе се одржи во 16 часот.

Протестот со автомобили, под мотото „Доста е, претеравте“, ќе почне од кај хотелот „Вип“, спроти Македонската телевизија, а ќе продолжи преку булеварот „Кочо Рацин“, до Собранието на Република Северна Македонија каде е предвидено обраќање. Потоа, протестот ќе продолжи кон Владата.

КСС очекува голем одѕив. За протестот се известени меѓународните и сите домашни синдикати, како и граѓански организации за заштита на работничките прави. Од нив е добиена поддршка, но се уште не е и од ССМ, кој исто така е информиран.

-Од тука ќе ја испратиме првата порака, а утре ќе ја испратиме и од пред Владата – доста е, претеравте, ова веќе не можеме да го издржиме. Многу пати досега кажавме дека во земјава социјален дијалог не постои, уништен е. Постои само формален социјален дијалог, нема суштински социјален дијалог, социјалне дијалог каде што треба да се сликаме или да поддржиме некој популизам на Владата. Нема покачување на минималната плата. Донесоа одлука наспроти негодувањето на синдикатите да се зголеми 1,7 отсто. Но, слушнавме од Државниот завод за статистика дека само инфлацијата во март е два процента, нема работна недела, почнавме со 30 дејности, стигнавме до 38, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски, оценувајќи го однесувањето на власта како девијантно.

Тој ги повика сите работници и граѓани кои чувствуваат, како што рече, пресија и угнетеност, да се приклучат на утрешниот синдикален протест.

КСС, соопшти Ралповски, пред прес-конференцијата добила информација дека директорот на Затворот во Шутка забранил од април да се исплаќа членарина на синдикалните организации.

-Притисокот станува се поголем и пожесток. Затоа и нашиот одговор ќе биде поголем и пожесток. Очекуваме сите партии кои се заинтересирани, да го сопрат ова девијантно однесување на Владата, да им дадат поддршка на работниците кои во овој момент се клекнати на колена, кои се осиромашени и не можат да го преживеат месецот, а трпат реперкусии секојдневно, напомена Ралповски.

На новинарско прашање што доколку нема одговор од Владата и по протестот, Ралповски повтори дека КСС ќе продолжи да делува уште пожестоко и порадикално.

Според него, под притисок на капиталот и бизнисот се прави бајпасирање на Законот за работни односи за неработна недела, а преку специјални закони се определува работниците да работат повторно во недела. Нема ниту 100 отсто боледување за сите болни од КОВИД.

-Секојдневно се кршат колективните договори и законите од трудовото право, инспекторатите воопшто не постапуваат по нашите претставки, се врши притисок наши членови да си одат од КСС, истакна Ралповски откако го најави протестот.

Би можело да ве интересира

Синдикат на Македонска пошта: Да се преиспита одлуката за оглас за 31 вработување во Пошта на РСМ

Ана Ололовска

КСС: Пратениците да ги отфрлат измените на Законот за работни односи

Ана Ололовска

(ВИДЕО) КСС: Што поскоро да се одржи средбата со премиерот

Ана Ололовска

КСС презентираше дополнителни докази за фалсификување на репрезентативноста на социјалните партнери

КСС ќе поднесе барање за преиспитување на репрезентативноста на социјалните партнери во Економско социјалниот совет

Ана Ололовска

Синдикатите испорачаа барања за почитување на работничките права

Ана Ололовска