Донесена одлуката за намлување на ДДВ кај бебешките производи, училишниот прибор…

Од:

Владата донесе одлука за намалување на стапката на Данокот на додадена вредност за бебешките производи, училишниот прибор и сточната храна и адитивите на сточна или добиточна храна и  жив добиток.

Како што информира премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференцијата Владата го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ со кој се намалува стапката кај овие производи од 18 на пет отсто.

– Новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што очекуваме да се случи кон крајот на мај или во почетокот на јуни. Фискалните импликации што ќе ги предизвика законското решение ќе изнесуваат 380 милиони денари на годишно ниво или половина за годинава бидејќи остануваат уште шест месеци до крајот, рече Груевски.

Истакна дека намалувањето на ДДВ за овие производи ќе предизвика намалување на данокот што го плаќаат продавачите поради што очекува тоа да влијае на намалување на цените за крајните потрошувачи.

– Со тоа ќе им се помогне на родителите за намалување на нивните трошоци за децата, како и на производителите на сточна храна и на месни и млечни производи, а индиректно и на македонското стопанство заради подобрување на конкурентноста и овозможување дел од македонските млечни и месни производи да се пласираат и на странските пазари поради поконкурентна цена која ќе ја имаат, истакна Груевски.

Прашан каква атмосфера ќе предизвика одлуката на СДСМ да ги врати добиените пратенички мандати на изборите, премиерот Груевски рече дека тоа е штетна одлука и за државата и за партијата.

Би можело да ве интересира

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ

За власта луксуз е да јадеме риба и овесни снегулки, а мајонезот е поскап оти се грижи за нашето здравје

Орце Костов

Стојаноски: ДДВ е зголемено и за производи со замрзнати цени

МФ: Најниска повластена стапка на ДДВ за основните прехранбени производи, листата се дополнува и со дигиталните учебници

Горан Наумовски